Скопје
Шемирање, монтажа и пуштање во работа
Март 2025

Новата производствена линија се монтираше по строг распоред – застој од еден ден чинеше повеќе од целата електрична опрема. Ормарите мораа да пристигнат готови, испитани и означени, спремни за поврзување истиот ден.
Целото шемирање го изведовме во наша работилница, паралелно со градежните работи на објектот. Секој ормар го испитавме под напон пред испорака, со протокол за секое коло.
Ормарите беа поврзани и пуштени во работа за два дена наместо предвидената недела. Документацијата и означувањето му овозможуваат на одржувањето да интервенира без да го бара проектантот.


Најголемата централа што сме ја изградиле досега – 150 kWp на земја, со мониторинг по низа и трафостаничен приклучок.

Јака и слаба струја, разводни ормари, громобранска инсталација и заземјување за угостителски објект – изведено и атестирано за 11 недели.
