Битола
Хибриден систем со батериско складирање
Јули 2025

Семејството имаше чести и долги прекини на напојувањето во зимските месеци, а топлинската пумпа и бунарската пумпа мораа да останат во функција. Постоечкиот агрегат беше бучен и бараше постојано гориво.
Наместо класичен on-grid систем, поставивме хибриден инвертер со батериска банка и автоматско префрлање. При прекин на мрежата куќата преминува на батерии за помалку од 20 милисекунди – ниту еден уред не го регистрира прекинот.
Од јули наваму сметката за струја е сведена на фиксниот дел, а батериите ја покриваат ноќната потрошувачка на домаќинството. Агрегатот е тргнат од дворот.


Главен ормар од 630 A и четири подразводни ормари со фреквентни регулатори, изработени по проект и испитани пред испорака.

Најголемата централа што сме ја изградиле досега – 150 kWp на земја, со мониторинг по низа и трафостаничен приклучок.
